Миовски му донесе бод на Абердин во Конференциската лига на УЕФА

Бојан Миовски му донесе реми 1:1 на Абердин против Хелсинки на својот стадион „Питодри“ во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, прв за шкотскиот тим во групата Г од ова европско натпреварување сезонава.



Македонскиот напаѓач во 79. минута ја искористи одбиената топка од гостински дефанзивец во противничкиот шеснаесетник и со глава го постави конечниот резултат.

За 24-годишниот штипјанец ова е осми погодок во сите клупски конкуренции оваа сезона, воедно и добра вест за фудбалската репрезентација на Македонија пред реваншот со Украина на 14 октомври во Прага во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија.