Со својот гол во 32. минута, Бојан Миовски го отвори резултатот на гостувањето во Глазгов, каде што Абердин го совлада четвртолигашот Клајд со 2:0 и се пласира во осминафиналето на фудбалскиот Куп на Шкотска.
За репрезентативецот на Македонија ова е 16. гол во 30. настап сезонава за Абердин, за кој погоди во сите пет натпреварувања, и тоа девет пати во шкотскиот Премиершип и по два пати во Лига купот, во Лигата на конференциите на УЕФА, во квалификациите за Лига Европа и сега во Купот на Шкотска.
На средина од сезоната 24-годишниот штипјанец се доближи на два погодока од сопствениот ефект во целата мината сезона во дресот на „донси“.






