МИОА: Во Македонија нема 5G мрежа

Владата на Република Северна Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), најодговорно тврдат дека во нашата држава нема во употреба 5G мрежа.



Надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5Г мрежа. Од тука сите грижи за ефектите од 5G мрежата врз здравјето на граѓаните се неосновани.

Информациите кои се појавија во јавноста, дека деновиве се прават тестирања се неточни. Во нашата држава до сега се направени само две тестирања и тоа, едно во 2018-та година во органичени и строго контролирани лабараториски услови, и второ тестирање во 2019-та година, на ограничен простор, велат од Владата од каде повикуваат „сите извори на лажни вести, да престанат со објавување на дезинформации кои имаат единствена цел да создаваат недоверба и паника кај граѓаните’.

Инаку, повеќе од 180 научници и лекари од 36 земји предупредуваат за опасноста од 5G, што ќе доведе до масовно зголемување на несаканата изложеност на електромагнетно зрачење.

Словенија и Швајцарија забранија воведување на 5G технологија.