„Иако не можам да го прифатам како лице кое треба да се занимава со политика, особено не откако протестираше против колегите во Сител, морам да признаам дека од политички аспект, Сафет Бишевац е шах-мат потег на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува новинарот Александар Митовски oд „Инфомакс“.



Прво, ВМРО-ДПМНЕ со овој потег не само декларативно, туку и на дело покажува дека е отворена партија која дава втора шанса на оние кои сакаат да си ги ректифицираат грешките од минатото. Сафет, сега ќе може да делува ПРОТИВ Северна.

Второ, со Сафет на листа ВМРО-ДПМНЕ атакува на “шареното” скопско крило кое ќе има можност овој пат да го направи вистинскиот избор, ако се почувствувале незадоволни од претходниот.

Трето, Сафет би бил најлогичен одговор на ВМРО-ДПМНЕ на прелетачот Рамчиловиќ. Како поинаку би атакувале на гласови во Долнени, Батинци, Коњари, Петровец….

Се на се, квалитативно драстично подобра понуда од онаа на СДСМ која со пропаднати ликови како Панчо Минов и Радмила Шекеринска, кои од минатиот век до денес безброј пати дале лажни ветувања, го издале сопствениот идеал за да можат да си ги вработат само сопствените деца додека си ја полнеа сметката со девизи“ – напиша Митовски.