Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски вели дека во случај на кризи, како во 2008 и 2009 година, неопходно е да дадат дополнителни средства во економијата за да може потрошувачката да остане на исто ниво и да не застане економијата.
Кирил Миноски за емисијата “Заспиј ако можеш” со Горан Момироски на ТВ Алфа вели дека стимулацијата на потрошувачката е едно од решенијата за надминување на економска криза.
„На едноставен начин, на секој кој што учествува на пазарот на трудот, на секој вработен меѓутоа и на секој сопственик на бизнис, јасно му е дека на пазарот постои понуда и побарувачка. Најчесто понудата треба да се прилагодува на онаа побарувачка која што постои на пазарот.
За да може економијата да се движи, неопходно е да постои побарувачка. Ако немаме доволна потрошувачка ќе имаме стагнација на економијата“, вели Миновски.
Тој е против намалување на платите во јавната администрација на 14.500 денари и смета дека тоа ќе влијае и врз мотивацијата на вработените во овие кризни моменти.
Целат емисија во која Миноски дава преглед на тоа што го прават развиените економии на овој линк
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=240858790376179&id=280284355399866?sfnsn=mo&d=n&vh=e




