Министрите за надворешни и за животна средина, Бујар Османи и Насер Нуредини ја злоупотребиле функцијата и за време на локалните избори ги користеле службените возила за партиски цели, алармира Антикорупциската комисија. Побара да се поведе одговорност за овие двајца министри од ДУИ, зашто со ваквиот чин и партиски активности – го прекршиле кодексот за етика, и за време на работа, од партиските штабови, се давале изјави за партиски цели. Антикорупционерите велат и дека Владата мора да работи подомаќински и конечно да покаже сериозност, зашто граѓаните тоа го гледаат и се многу разочарани од нивното работење.

Претставниците од ДКСК на денешната седница расправаа и за снимка од Локални избори на која се гледа како министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, користат службени возила за партиски цели.
Во однос на новинарското прашање што понатаму во врска со овој случај, тие одговорија дека нивна задача е материјалот да го проследат до кабинетот на вицепремиерот за добро владеење и тие да донесат одлука.





