Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ денеска ќе расправаат за влошената здравствена состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој се наоѓа в затвор, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската Унија е “длабоко загрижена“ поради информациите за дополнителното влошување на здравствената состојба на Навални во затворот и ја повикуваат Русија веднаш да му дадат пристап до медицински персонал во кој тој има доверба.
Навални пред неколку месеци беше жртва на труење со хемиска супстанца за кое ЕУ и САД сметаат дека е чин на руските власти.
Европската Унија пред неколку месеци воведе нови санкции против Москва токму поради затворската казна за Алексеј Навални и натаму повикува на негово безусловно ослободување.







