Министре, нели рековте дека „нема поента“ од воведување нови мерки?

Лавина реакции на социјалните мрежи по денешната „ненадејна“ одлука на здравствените власти и на Владата за воведување на полициски час од 20 часот и кратење на работното време на угостителските објекти:



„Министерот пред неколку денови изјавува дека нема поента од нови мерки, бидејќи КОВИД-19 е многу проширен?!

Па сега, денеска да одлучат дека од утре ќе има полициски час од 20 до 5 часот, нема да работат и угостители, обложувалници, фитнес-центри, нема конференции и обуки!

Ова уште еднаш (по не знам кој пат) покажува дека нема апсолутно никаква стратегија, нема никаков план и обмислени адекватни мерки, туку чисто изживување на луѓето и нивното здравје – и физичко, и ментално!

И тоа додека со месеци е Groundhog daу – секој ден доаѓаат вакцини, од овде, од онде, а луѓето умираат или излудуваат по дома!

ФБ статус