Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на Македонија регистриани се 3.497 граѓани позитивни на корона тест, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%.



Голем процент, дури 87,1% или 3.047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е 100%, покажува анализата. Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид 19, ниту еден од нив не бил вакциниран, соопшти Министерството за здравство кое укажува на важноста на вакцинација.

Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво, која ќе ја објавува во јавноста секој петок, објавија медиуми.