Министерството за правда ќе ги почитува забелешките на Венецијанската комисија и штом станат официјални ќе бидат имплементирани во Законот за Јазици. Од таму не ги коментираат критиките во нацрт-заклучоците што ги објави Плус Инфо, а во кои Комисијата предлага ревидирање на законот, но тврдат дека ќе почитуваат се што ќе биде усвоени.
Пратеникот Антонијо Милошоски смета дека „пазарењето на премиерот Зоран Заев да формира влада со носење на нефункционални закони резултираше со препораки од Венецијанската комисија коишто се правна шлаканица правна шлаканица за целата Влада“.
Тој побара веднаш да се повлече и Закон за инспекторат за употреба на јазиците кој е во собраниска процедура. Тој рече дека Законот од 2008 година е применлив, и дека можеби треба само малку да се прилагоди.
Илија Димовски од собраниска говорница потсети што се зборуваше пред Законот за јазици да биде испратен во Венецијанска:
„Јас ќе потсетам дека премиерот и претседателот на ДУИ ако не се лажам и мнозинството на пратеници во дискусиите велеа дека тоа што ќе го прати Венецијанската Комисија ќе биде внесено во Законот“.
Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, смета дека Законот е сосема применлив во пракса.
„Ниту една цена за имплементација на некој закон не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи, а зaконoт за јазици тоа го носи“, беше коментароит на Груби.





