Министерството за правда излезе со скандалозно соопштение по заканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека пратениците на оваа партија ќе го напуштат Собранието доколку на предлогот за амнестија му се стави европско знаменце.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти парламентот ако законот за амнестија се протурка со „европско знаменце“
„Што се однесува до најавите на Мицкоски за заминување од Собранието на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата земја“, се вели во соопштението на Министерство за правда.
„Недостигот на став за важни прашања и политики за блокада најдобро се изразува со напуштање на Собранието и ова е поздравен гест од наша страна. Можеби вака Христијан Мицкоски сака да и помогне на татковината со тоа што ќе го отвори просторот за гласање на уставните измени и ќе го отвори патот кон ЕУ“, се вели во соопштението на Министерството за правда пренесе Плусинфо
Во соопштението, Министерството ги нарече неосновани тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека законот за амнестија ќе се спроведува по скратена постапка со европско знаменце.
„Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, дури и на медиумската конференција одржана минатата недела, јавно кажа дека овој закон нема да се спроведува со европско знаменце, и дека тој самиот е против злоупотребата на европското знаме за спроведување на законот. ВМРО-ДПМНЕ да не заземаат став, кога од првиот ден беа информирани за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон е потпишан и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО-ДПМНЕ да ги амнестира своите поранешни избрани и именувани членови, таков закон нема да има – се вели во соопштението на Министерството за правда.






