Министерството за култура ја објави програмата за оваа година во која не се предвидени средства за бројни музички манифестации, додека анонимни лица и фирми ќе добијат огромни средства од буџетот на сметка на видни манифестации.
Скопскиот џез фестивал и фестивалот „Оффест“ биле отфрлени на конкурсот, што значи дека под знак прашалник се доведува нивното одржување. Отфрлени биле и сите предложени проекти на „Авалон продукција“. И сето ова е само во делот на музичко-сценската дејност, за што реагираат бројни и долгогодишни музичари и организатори на културни манифестации, дознава „Макфакс..
Наспроти исфрлените, најмногу пари годинава во овој сегмент има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, вкупно 3,5 милиони денари или 56 илјади евра за фестивал „Меридианс“ и за концерт „Класик и рок мјузик“, 7 пати повеќе од скопскиот „Таксират“ кој добил само 500 илјади денари,.
Исто толкава сума колку и „Таксират“ добило здружението „Елизиум“ со концерт со млади во Тетово, пишува „Макфакс“.





