Министерот за здравство унапредил 17 луѓе, тројца се Македонци

Министерот за здравство Беким Сали унапредил 17 вработени во министерството кое го води. Одлуките се потпишани од државниот секретар во министерството но главен збор во договорот кој да биде унапреден го имал министерот Сали.



Дури 14 од унапредените се Албанци од Партијата на Сали Алтернатива или од ДУИ.

На списокот нема Турчин, Ром, Бошњак, Србин, Влав или од некоја друга заедница.

Меѓу тие што добиле повисока позиција и плата има и тројца Македонци:

1️⃣. Габриела Арсовска, золва на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска
2️⃣. Елизабета Јанчева Трајкова снаа за брат на Гордана Трајкова Мајнова кадар на СДСМ од времето на министерот Владо Димов.
3️⃣. Никола Грпчевски – кадар на Никола Тодоров, кој порано беше близок на ВМРО-ДПМНЕ а сега е близок на СДСМ.

Целиот список на унапредени на линкот

1674031464172785