Министерот за здравство, Фатмир Меџити за денеска најави прес-конференција во врска со случувањата на Клиниката за онкологија. Истата е закажана во 13 часот. Во краткото соопштение испратено до медиумите се наведува:
„Почитувани, во врска со случувањата на ЈЗУ УК за онкологија и радиотерапија, министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити ве повикува на прес конференција во салата за состаноци во Министерство за здравство во 13 часот“.







