Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во петокот тврдел дека системот ,,Safe City” кој можел да даде одговори за малата Вања и возилото на убиениот велешанец Жежовски е функционален.
Во петокот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седница за пратенички прашања во Собранието бил прашан дали функционира Сејф сити.
На многу внимателен начин заради истрагата пратеничката Благица Ласовска го прашала дали функционира системот за видео надзор на што од Спасовски добива одговор дека тој функционира.
Како системот ,,Safe City” функционира а МВР не можела да најде никаква движење на исчезнато возило и девојче од центарот на Скопје е прашање за кое засега одговор не дава ниту МВР ниту Јавното обвинителство.
Прашањето до Спасовски е трето во видеото






