,,Министерот за смрт” открива што му лежи на срце: Промена на устав и заминување на Мицкоски

Екс министерот за образование и здравство и еден од најблиските соработници на екс премиерот Никола Груевски во колумна за Дојче Веле меѓу редови ги открива своите желби во политиката односно открива што би направил тој ако е пак на власт.



Според колумната Тодоров веднаш би покренал промена на уставот за да се внесат Бугарите во него.

Втората прикриена желба на Тодоров која е присутна во речиси сите политички сценарија што ги дава е заминување на Мицкоски од челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ што ја отвара дилемата дали екс вицепремиерот наречен ,,Министер за смрт” се гледа себе си за иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Ќе ви претставам четири можни опции за Македонија да продолжи по европскиот пат и една опција да не продолжи.

Опции „За“ ЕУ интеграција

Првата опција е актуелната власт да обезбеди 2/3 мнозинство, да се изгласаат уставните измени и со тоа да иницира смена на лидерот на опозицијата кој јавно кажа дека доколку и еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени, тој не само што ќе си замине од лидерската позиција во ВМРО, туку и ќе се повлече од политиката. Ова сценарио е идеално за владата на СДСМ и ДУИ, иако стои и аргументот на некои истакнати членови на СДСМ, дека на СДСМ и ДУИ не им одговара Мицкоски да си замине од кормилото на ВМРО”, пишува Тодоров кој не може да скрие дека би бил среќен Мицкоски да замине од политиката.

Целата колумна на Тодоров на овој ЛИНК