„Никој нема да биде поштеден од одговорност по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено поправната установа-КПУ „Идризово““, порача министерот за правда, Никола Тупанчевски.
Претресите во вторникот во најголемиот затворво земјава открија дрога, ножеви и мобилни телефони зад решетките. Проверки со наредба на обвинител се извршени во 25 ќелии во затворот „Идризово“, а претресите ќе продолжат и во иднина., пишуав Дојче веле.
(…)Според директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, извршен е неселективен претрес во повеќе одделенија во 25 простори на затворот и дека се уште постојат индиции дека има мобилни телефони.
„Ние редовно вршиме претреси на одредени ќелии, меѓутоа станува збор за најголем затвор и не е можно во една акција да бидат опфатени сите ќелии“, вели Спасовски.







