Министерот за полиција: Владата со насилство сака да се спаси за криминалот од 2017 до сега

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев вечерва по одлуката на Владата да го усвои законот за јавно обвинителство ги обвини колегите од СДСМ, ДУИ и Алтернатива дека на сила сакаат да се спасат од криминалот направен во последниве три години.



“Доцна вечерва на седница на Владата се изгласа предлог текст на Законот за јавно обвинителство. На насилнички начин, спротивно на Уставот и законите и меѓународните правни стандарди, владејачката партија изгласа закон кој во себе содржи до сега невидени одредби со кои сакаат да го скријат криминалот кој беше направен во последните три години.

Во законот не се прифатени забелешките на експертите и тие вечерва се едногласни во констатациите дека овој закон претставува вистинско фијаско.
Денес паѓаат во вода наводните заложбите на власта за владеењето на правото, а токму тоа е еден од клучните критериуми за започнување на преговорите со ЕУ.

Носење на системски и круцијален закон без политички консезус и негово изгласување по скратена постапка ќе го поткопа и така кревкиот правен систем и наместо владеење на правото ќе донесе исполитизарано и пристрасно јавно обвинителство креирано по мерка и желба на одредена група на луѓе”, напиша Чулев за скандалозната одлука на Владата со која прислушуваните разговори веќе нема да се користат во судски процеси на новото СЈО.