„Министерот за одбрана“ за изборот на шеф на МОК: Брука

Популарниот „министер за одбрана“ и долгогодишниот ракометен репрезентативец на Македонија, Борко Ристовски, остро ги критикуваше случувањата на вчерашното Изборно собрание на Македонскиот олимписки комитет (МОК), каде за претседател беше избран Даниел Димевски, советник за спорт на премиерот Зоран Заев.



За Ристовски, неговиот избор не е легитимен бидејќи тој не ги исполнувал условите за кандидат, јави порталот „Екипа“.

„Чест ми е што сум во просторија со успешни спортски работници. Чест ми е што легенди како Перо и Тоше се тука. Јас сум само гостин и затоа ќе се извинам за моето излагање. Искрено мислам и Тупурковски и генералниот секретар и директорот, и Македонија не заслужуваат ваков избор. Немате ни половина од овие луѓе и да дозволите да бидете избрани е брука за спортот и за вас како спортски работник. Немам ништо лично против вас, туку против тоа што го претставувате во спортот. Вие велите Зикова не ги исполнува условите, а ја имам инфо дека и вие не ги исполнувате, девет години бевте претседател од кои само три активен. Ќе се видиме каде сакате да разговарраме за ова со докази. Барам да има ново собрание на кое ќе присуствуваат сите федерации. Мене ми е искрено жал што легенди како Тоше, Перо и Наумче се дел од цело сценарио. Се надевам дека сите ќе застанат зад спортот, а не зад политиката. Јас се залагам за спорт на спортисти не ми интересира никаква политика“, изјави Ристовски, предизвикувајќи силни реакции кај дел од присутните.