Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски кој е познат како “Министерот за одбрана” објави видео во во предвечерието на големиот христијански празник Велигден.
Во пораката на видеото во кое неколку негови колеги со раце го прават знакот за обединета Македонија, тој порачува:
“Натпревар на гости, сите обединети…. за една единствена Македонија”
Ристовски во моментов игра за Бенфика.
https://www.facebook.com/46402233722/posts/10156405077958723/?sfnsn=mo





