Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека по зачестените секојдневни дојави за бомби се разгледува можноста наставата целосно да оди онлајн, но дека таква одлука е тешка за донесување.
„Не брзаме да ја донесеме таа одлука. Не е лесна одлука, ќе треба да бидат опфатени и основните училиштата“, вели Шаќири.
Според него, дел од училиштата немаат мејлови но добиваат закани, мејловите се испраќаат во една група кај сите и според податоците добиени од МВР се реагира и во училиштата кои не го отвориле мејлот.
„Затоа велам дека одлуката за целосна онлајн настава во моментов не е лесно да се донесе заради тоа што не се знае кои ќе бидат последиците во другите градови и во другите основни училишта.
Ако е целта тоа на тие што ги дојавуваат бомбите, мислам дека нема да се донесе таква одлука толку лесно“, вели министерот Шакири.







