Министерот за корупција во владата на Заев Љубомир Николовски на социјалните мрежи се пофали со реконструкција на пат долг 18 километри.
“Заврши реконструкцијата на патниот правец Крупиште – Пробиштип, со должина од 18 км!
Работиме, реконструираме и инвестираме во патната инфраструктура низ целата земја”, напиша Николовски.
Но на видеото кое трае нецели 3 секунди и кое е невообичаено забрзано се гледаат само неколку стотини метри од патот за чија реконструкција се пофали Николовски.
Интересно е што видеото е направено со дрон кој што наместо само во висина можел слободно да се движи над патот за да се види поубаво зафатот на владата каде Николовски не е министер за транспорт туку за борба со корупција.
Дел од следбениците на Николовски имаат повеќе забелешки и прашања на неговиот ТВИТ но тој не дава објаснувања.
Заврши реконструкцијата на патниот правец Крупиште – Пробиштип, со должина од 18 км!
Работиме, реконструираме и инвестираме во патната инфраструктура низ целата земја. pic.twitter.com/hcGKkQTigj
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) July 23, 2021





