Министерот во Владата на Заев кој е одговорен за информатичкото општество во кои спаѓаат и порталите и онлајн медиумите започна напад врз порталот инфомакс.мк кој го објави исказот на Орце Камчев во кој се споменуваат неговиот шеф Заев и други членови на Владата.
Наместо по 2.5 години на власт Манчевски да даде одговори на прашањето на онлајн медиумите тој самиот поставува прашања.
Притоа тврди дека порталот не е медиум затоа што наводно нема импресум и дека не се знае сопственикот иако и обичен аматер за интернет може да види дека тоа не е точно.
Во нападот Манчевски ја критикува и АВМУ која застана зад слободата на говорот барајќи министрите да не тужат новинари затоа што тоа е спротивно на европските практики.
Манчевски својата реакција ја објавува веднаш откако уредникот и сопственик на инфомакс.мк во интервју за ТВ Алфа објави нови информации кои го инкриминираат шефот на Манчевски, премиерот Зоран Заев.
“Според кој стандарди Инфомакс е медиум? Нема адреса, нема импресум, не се знае сопственоста… Класичен пример на извор за лажни вести.
На порталот има реклама – линк до бугарскиот мобилен оператор Теленор. Текстот е на руски јазик. Хаос. Техничка грешка или некој плаќа за ваква реклама?
Прашањето го упатувам и до медиумските организации кои повикаа политичарите да не реагираат на вакви класични примери на лажни вести. Тогаш се прашувам кој. Кога веќе конечно ќе ја видиме таа саморегулација?
И ААВМУ одлучи да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали. И покрај тоа што цело време ААВМУ тврди дека не може да врши никаков надзор над порталите.
Веќе знам и дека дел од коментарите на постот ќе бидат зошто нешто не превземеме. Одговорот е дека работиме согласно закон и дека веднаш ќе се протолкува како притисок. Свесен сум дека за многумина ова не е она што сакаат да го слушнат, ама тоа е вистината.
А, за вистината и стандардите во медиумите…? Сеуште верувам дека саморегулацијата ќе даде резултати. Се надевам во мојот животен век”, пишува Манчевски кој има одврзани раце да ги регулира онлајн медиумите.
Манчевски ваква реакција никогаш не упатил за провладините медиуми кои навистина шират лаги и манипулации, најверојатно затоа што тие работат во корист на Владата во која е и тој.
Интервјуто по кое Манчевски реагираше со напад врз инфомакс.мк кое може да го видите на линкот подолу
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=892049997835174&id=280284355399866





