Министерот за економија против кратењето плати

Крешник Бектеши, актуелен министер за економија е против предлогот на Зоран Заев за кратење на платите.



Тој смета дека дополнително ќе ги демотивира и тие кои работат во овие денови, а намалувањето на платите ќе влијае на вкупната потрошувачка и на економијата.

„Затоа треба да бидеме внимателни како влада, истовремено треба да бидеме внимателни како политичка партија кога излегуваме пред јавноста со конкретни мерки. Треба да бидат тоа мерки кои имаат основа како калкулации и конкретни бројки и како тоа може да влијае врз економијата во целост, а особено на семејните буџети, значи во случајов каде спаѓа и јавната администрација“, вели Крешник Бектеши, кој е кадар во влада од редовите на ДУИ.

Тој за ТВ.21 вели дека нема да го поддржи таквиот предлог.