Под притисок од јавноста за конфликот во ДУИ министерот Бектеши ја прогласи партијата на Ахмети за демократска компанија.
Бектеши кој е член на ДУИ на новинарско прашање на Телма за тоа дали Груби ќе биде во партиските структури беше изнервиран и тврдеше дека не се знае ништо. Бектеши рече дека се ќе се знае за неколку часа на централното претседателството на ДУИ закажано за денеска.
Одговарајќи на прашањата тој направи и гаф па ДУИ наместо партија ја нарече компанија откако претходно одговараше на прашања за енергетските компании во државата.
,,Дуи е демократска компанија. Во ДУИ се гласа и се дебатира. Ни јас не знам дали ќе бидам и за што ќе бидам избран”, рече Бектеши.
Централното партиско претседателство се организира по бунтот на скопското крило на Изет Меџити по кој од врвот на ДУИ е елиминиран Артан Груби.






