Министерот владее повеќе странски јазици – О tempora, o mores!

Министерот за правда Кренар Лога и возврати на професорката и поранешна министерка за правда Рената Дескоска, ама на латински јазик. Дескоска која оцени дека Извештајот на Европската комисија за судството треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и во Судскиот совет, а не да се префрла одговорност, предизвика нервоза кај Лога.



„Во темнина пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, а на светло држат предавања за правдата. О tempora, o mores!“ – напиша тој на Фејсбук.

„Извештајот на ЕУ за напредокот на секоја земја кандидат за членство е „сведителство” со оценки за институциите. Делот на извештајот за судство во најголем дел е оценка за работата на Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година. А таа оценка, никој немаме дилеми дека е објективна. Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас“, напиша Дескоска.

Инаку, ова е најкатастрофален Извештај во последниве седум години, а посебно во делот на судството, каде беа детектирани многу скандали, слабости и политичко влијание.