Министерот Спасовски прогласен за ,,Негова екселенција” (ВИДЕО)

На церемонија организирана од неговото министерство за внатрешни работи министерот Оливер Спасовски беше прогласен за ,,Негова екселенција” титула која обично ја добиваат кралеви и цареви, шефови на држави и влади, и високи меѓународни дипломати.



Според науката зборот ексленција која значи Превозвишеност, пресветлост; титулирање, обраќање кон висок дипломатски, државен или црковен претставник се користи во дипломатијата но никако за именување на министер.

Спасовски воопшто не реагираше на титулата екселенција која ја доби од своите соработници.

За разлика од Спасовски премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски не беше именуван како ,,негова ексленција”.

Протоколарниот гаф на МВР беше направен пред две недели за време на церемонија на удирање на камен темелник на полициска станица во општина Аеродром.