Во желбата да се пофали со менза Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги стави во опасност елитните македонски полициски сили – Тигрите.
Спасовски денеска заедно со дел од раководството на МВР во касарната „Илинден“ присуствуваше на пуштањето во употреба на нов објект – кујна за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
„МВР инвестираше во целосна реконструкција на објект во касарната ,,Илинден” што го доби на трајно користење од Министерството за одбрана, а кој од денеска ќе биде во функција – објект за исхрана со кујна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица, кои од формирањето на Единицата до денеска се хранеа во објект надвор од кругот на касарната“, потенцираше министерот Спасовски кој (не)свесно на сите што сакаат да ги најдат им откри каде можат да ги лоцираат специјалците од Тигар.
Членовите на оваа единица учествувала во најсложените безбедносни кризи како на пример Диво Насеље кога загинаа 8 нивни колеги и 10 терористи од Косово.
Тигрите неретко се предмет на закана од радикални структури кои бараат одмазда за нивните акции.
Во 2008 година цел на терористички напад беше Тигарот Зоран Марковски во знак на одмазда за операција на неговата единица.
Марковски беше убиен а двајца негови колеги беа тешко ранети.
Спасовски информацијата за локацијата на која ручаат Тигрите ја сподели на сајтот на МВР и на Твитер а истата со податоците дадени од министерот може лесно да биде најдена на апликацијата Гугл Мапи.
Нов објект за исхрана на Специјалната антитерористичка единца – Тигар, целосно ресконструиран по највисоки полициски и ХАСАП стандарди.
Продолжуваме со унапредување на работните услови на полициските службеници, за подобра услуга кон граѓаните.https://t.co/ISXMqEOao6 pic.twitter.com/kobgjE2Y9d
— Oliver Spasovski (@o_spasovski) November 22, 2021






