Министерот Спасовски очекува Интерпол да го збрка Груевски

МВР неколкупати контактирало и поднеело документи и преку своите кадри и преку Министерството за правда за распишување меѓународна потерница по поранешниот премиер Никола Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април.



„Документите се доставени до Интерпол  и очекуваме потерницата да биде објавена„, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.

Спасовски, вели дека Интерпол, с’е уште врши некакви испитувања. Тој смета дека потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена и е уверен дека потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол.