Министерот што ги загуби картичките заминал во САД да гледа како се прави млеко и кашкавал

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој јавно призна дека ги загубил банкарските картички по што без нив живееше најмалку 6 недели заминал во САД да гледа како се прават сирење и кашкавал.



Николовски во пред десетина дена на државен трошок заминал во сојузната американска држава Вермонт каде што според неговите зборови гледал како се произведува кашкавал и млеко.

,,Имав прилика да ја посетам фармата за производство на кашкавал и млеко Стони Понд во Вермонт. Заедно со секретарот за земјоделство храна и пазари Anson Tebetts направивме обиколка и го видовме начинот на производство на овие производи. Разменивме искуства и знаења, и ја отворивме можноста за пласман на нашите македонски производи во Вермонт”, објави Николовски.

Дали Николовски се подготвува наскоро самиот да произведува млеко и кашкавал или сака да научи за да го пренесе знаењето на македонските фармери тој не кажува во постот.

Македонскиот кашкавал со децении се извезува во САД и други делови од светот.