На денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика, МНР Бујар Османи не даде никакви детали за преговорите со Бугарија.
Според него, само португалскиот предлог е дел од преговорите, кој се грижи да ги заштити интересите на Македонија, но и на Бугарија, пренесе Алсат М,.
„Важно е да се потенцираат фактите и ситуациите за кои не можам да навлезам во детали во интерес на самиот процес. Тоа што знам е дека ова е најважното прашање за кое се загрижени граѓаните, верувам дека отсекогаш сме биле јасни дека идентитетските прашања како што се македонскиот јазик, македонската етничка припадност, Македонците, не се и не можат да бидат на маса како дел од преговорите. ”
За ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници беа иницијатори за отчетот во Собранието, власта ги избегнува деталита и ова предизвикува сомневања дека македонскиот јазик и идентитет се загрозени во преговорите.
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ предложија Собранието да донесе Резолуција со која се отфрла Декларацијата донесена во 2019 година од бугарскиот парламент. Во Резолуцијата треба да се наведе став за итен и безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ, со рамка за преговори која нема да биде оптоварена со билатерални прашања, а Собранието во Резолуцијата треба да го потврди општиот став каде прашањето за историјата, образованието и културата да се дефинираат како суверени права на секоја држава.







