Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, најверојатно заминува од ова министерство, но многу веројатно е дека и натаму ќе остане во влада – можеби во новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците., дознава Фокус
Ова Министерство треба да го замени Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, поради што е веќе извесно дека овој пат не му бега метлата на Хазби Лика, кој раководеше со Секретаријатот.
Од СДСМ и ДУИ најавија средба меѓу премиерот и Али Ахмети, каде ќе се договорат детали околу најавената реконструкција на владата.





