Министерот за животна средина Насер Нуредини кој повторно беше избран за истата функција денеска на средба со новинарите ги изложи плановите на министерството и на македонските новинари им сугерираше да научат албански јазик.
На прашање на новинарите кога планира да зборува со нив и на македонски јазик, Нуредини одговори дека го знае македонскиот јазик, но не би било лошо и новинарите да го знаат албанскиот, како што тој го учи македонскиот.
„Ви благодарам на прашањето, и ве разбирам многу добро, можам да се изразувам и многу добро ако сакате да знаете, ќе научам полека нормално, обврска е за мене. Албански не баш лошо да знаете, веќе сигурно не зборите албански, албански не е лошо. Ќе зборам во иднина и на македонски“, рече Нуредини.
Нуредини на прес конференцијата се обрати на албански јазик, а новинарските прашања ги одговараше на англиски јазик.
Сугестијата на Нуредини на 52 минута од видеото
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=451989145706898&id=359477174168894&_rdr






