Министерот Никола Димитров за интегритетот

Министерот за надворешни работи Никола Димитров за кого вчера Викиликс откри дека бил заштитен извор на амбасадата на САД во Скопје најмалку два пати во 2008 година на Инстаграм има објавено решение за проблемот со интегритетот без разлика дали го имаш или немаш.



Тој го цитира американскиот сенатор од Вајоминг Алан К. Симпсон кој вели дека каков и да имаш однос со интегритетот ништо не е важно.

“Ако имаш интегритет ништо друго не е важно, ако немаш интегритет ништо друго не е важно”, е мислата на Симпсон која Димитров ја користи како мото на неговиот официјален профил на Инстаграм.

Како тој деновиве по скандалот со Викиликс ќе ја аплицира оваа мисла во реалниот живот засега знае само министерот.