Министерот на скап верски туризам во Ерусалим, полицајците на улица со граѓаните (ФОТО)

Додека министерот за внатрешни работи замина на верски туризам во Ерусалим, Израел неговите полицајци на Велика Сабота се на улица по македонските градови и села.



Викендов во Дебар припадници на полицијата ја спроведуваат акцијата во која полицијата се доближува со граѓаните преку јавни средби на кои се даваат информации за полициското работење и им се дават флаери на граѓаните.

Додека полициските работници професионално си ја работата својата работа нивниот министер без никаква реална потреба за МВР замина на скапо патување во Ерусалим по благодетниот оган.

Во Дебар во име на полицијата информации на граѓаните даваа полициски службеници во униформа а изјави за медиумите даваше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Со Спасовски во Ерусалим е и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска

Министерката за култура предизвикала скандал и гнев во храмот на воскресение во Ерусалим (ВИДЕО+ФОТО)