Вршителот на должност министер за надворешни работи Николај Милков не се појави на денешната вонредната седница на Народното собрание, за која беше најавено
„сослушување во врска со уште еден случај на физички напад врз Бугари и бугарски државјани во Република с Македонија“, како што беше најавувана точката од дневниот ред на бугарското Народно собрание.
Милков требаше да зборува за минатонеделниот напад врз Христијан Пендиков во Охрид, и за прашањата врз кои овој случај има импликации врз односите меѓу двете земји.
Дали Софија со повлекување на амбасадорот од Скопјке најавува прекин на дипломатските односи
Милков за истото прашање веќе се осврнал вчера во Брисел, на првата седница што во оваа година ја одржа Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој присуствуваа шефовите на дипломатиите на сите држави членки на Унијата.
„Бугарскиот министер го информираше Советот за влошената ситуација во Република Северна Македонија во однос на граѓаните на земјата со бугарски идентитет. Акцент беше ставен на тешкиот инцидент со претепувањето на Христијан Пендиков во Охрид. Нашиот прв дипломат изрази жалење, што овој тежок инцидент е дел од многу слични со антибугарска насоченост во последните месеци. Беше нагласена потребата Скопје активно и целосно да се ангажира со заштита на правата на Бугарите во земјата и да ги исполнува преземените обврски во рамките на процесот на европска интеграција на земјата“, соопшти бугарското МНР.
Како што пренесе БНТ, Милков изјавил дека на состанокот побарал солидарност од другите држави во врска со ескалација на притисокот врз бугарската заедница во РСМ.
Охриѓанецот Христијан Пендиков се наоѓа на лекување во Софија откако бугарската влада му организираше трнаспорт со државен авиот од Охрид, Му беше изврешена операција, а го пости и македонскиот министер за наворешни работи, Бујар Османи.
Истрагата за инцидентот со претепувањето на Пендиков е во тек.
Пендиков двапати сменил исказ во полиција за тоа кој му удирал боксови. Пред полицијата прво кажал дека бил претепан од тројца машки лица, а потоа дека го натапало едно лице.
Поради промената на исказот, осомничено е само лицето кое сега е во притвор, а за другите двајца, се собираат информации.







