Министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, најави излегување од Владата ако се прифати францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и кревање на ветото за преговори со Европската унија.
„Ако Владата го прифати овој предлог, повеќе нема да ми биде местото во таква влада. Не можам да седам со луѓе коишто прифаќаат позиции спротивни на моите размислувања. Не можам да прифатам целокупната историја што сме ја учеле во основно, во средно училиште сега да се видоизмени и да докажуваме дека таа била лажна историја што ни ја наметнале комунистите. Дека тоа било нешто што не кореспондира со фактите и сега нам Бугарија ќе ни наметнува нова историја, за Цар Самоил, за Кирил и Методиј, за Свети Климент, за Свети Наум и молкум да се откажеме од зето она што претставува наша вредност и да кажеме дека тие се Бугари“, вели Милевски во изјавата за Телма на видеото:






