Министерот Манчевски како кадија, сам го тужи сам го суди Ченто (ВИДЕО)

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски јавно го обвини Јане Ченто за обид за убиство.



Тој во емисијата Стадион со Столе Наумов на Канал 77 вели дека Јане Ченто влегол во Собранието за да ги убие Манчевски и други пратеници.

Манчевски обвинувајќи го Ченто истовремено кажува дека обвинетиот токму поради тоа е во затвор.

Јане Ченто е дел од обвинетите за 27 април но тој од страна на обвинителството не се гони за обид за убиство како што тврди Манчевски туку за тероризам.

Секој што вршел насилство мора да одговара, рече Дамјан Манчевски во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

За пратениците кои беа дел од насилните настани Манчевски призна дека се амнестирани само за да помине промената на уставот.

Видеото во делот за Јане Ченто и амнестијата почнува на 44 минути и 30 секунди