Министерот за земјоделство, од редовите на Беса, Аријанит Хоџа, на прес конференцијата што се одржа пред Владата соопшти дека се повлекува од функција и дека оставката е поради нарушување на демократските вредности во државата.
Со него од функција се повлекуваат и двајцата заменици министри од БЕСА.
„како што ветив минатата недела дека поради нарушување на демократијата на локалните избори од страна на дел од оваа влада, на чело со вицепремиерот од ДУИ, кадешто беше повредено правото на демократијата, со манипулативни методи и за жал, тоа продолжи и во текот на вчерашниот ден, кој беше најсрамниот ден за демократијата на нашата држава“, рече Хоџа.







