Пратеникот на опозицијата Миле Лефков октива дека ќе биде тужен од министерот Венко Филипче.
“Не само мене министер, “стегај” тужба на секој шо ќе заболи од Ковид!
Туку еве ти убрзано видео и види си ги коментарите на твојот пост на ФБ👇👇👇 За рандом коментар паузирај го видеото!”, пишува Лефков користејќи го иронично хаштагот #БравоМинистре🤮
Венко Филипче ќе ме тужел! Не само мене министер, “стегај” тужба на секој шо ќе заболи од Ковид!
Туку еве ти убрзано видео и види си ги коментарите на твојот пост на ФБ👇👇👇 За рандом коментар паузирај го видеото!#БравоМинистре🤮 pic.twitter.com/E0LjWZX5HP
— Mile Lefkov (@LefkovMile) March 14, 2021
Предходно Филипче јавно напишал дека утре поднесува тужба против Лефков.
“Со очјани и срамни лаги ВМРО-ДПМНЕ продоложува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат. Институциите си започнаа постапки со кои ќе се доккаже дека немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета. Но, она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата. Сепак, јас нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините. Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици! Тоа не ви носи политички поени а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините”, пишува Филипче.






