Додека во Македонија министерот Филипче со денови се крие зад одлуката на премиерот Заев за неговата оставка, во земја членка на ЕУ без никакво двоумење шефицата на дипломатија ја презема одговорноста за работа за која директно не е виновна и поднесе оставка откако ја презема одговорноста за својот ресор.
Холандската министерка за надворешни работи, Сигрид Кааг, вчера поднесе оставка по критиките од пратениците кои ја сметаат за одговорна за хаотичната евакуација од Авганистан.
– Домот смета дека владата постапила неодговорно … Единствено што можам да прифатам се последиците од таа процена како министер кој ја носи крајната одговорност – рече таа во говорот во парламентот.
Пратениците го прифатија предлогот во кој се истакнуваат критики до владата за неуспехот во евакуацијата на дел од Авганистанци и дека однапред не увидела дека талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта.
– Според моето разбирање на демократијата и нашата традиција на владеење, министерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика. Затоа до Неговото Височество (кралот Вилем-Александар) ќе поднесам оставка од позицијата министер за надворешни работи – рече Кааг.
Таа од мај беше вршител на должноста министер за надворешни работи. По изборите во март, сè уште не е формирана нова коалициска влада.






