Министерството за животна средина и просторно планирање склучило договор за набавка на телефонска централа која има можност за снимање и преслушување на комуникацијата.
Централата е вредна 1,7 милиони, тендерот за набавка го доби „Телеком“, а договорот бил склучен на 6 ноември, дознава „Телма“.
Потписници се министерот Садула Дураку и двајца претставници на „Телеком“.
Во понудата на Телеком, која е наведена во документацијата, стои дека во телефонската централа која ќе биде доставена до министерството ќе биде инсталиран софтвер за снимање и преслушување на повиците.
Набавката се случува во време додека трае истрагата за прислушкувањето на фиксни телефони во Јавното обвинителство






