Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, знаел дека Боки 13, преку посредник, од штипскиот бизнисмен и почесен конзул на Латвија, Зоранчо Митровски, барал 2 милиони евра рекет, тврдеа сведоци на денешното рочиште за „Рекет“.
Како почесен конзул на Латвија, Митровски побарал помош од нерезидентниот амбасадор на Латвија во Македонија.
За „помошта“ од 2 милиони евра, амбасадорот на Латвија , го информирал министерот за надворешни Димитров, тврдеше Митровски во Судот.
Потоа амбасадорот го известил преку порака дека не очекува во иднина да го малтретираат од СЈО, пренесе ТВ Алфа.





