Откако Антикорупциска вчера одлучи да поднесе прекршочна пријава против минсиетсрот за Економија, Крешник Бектеши, тој рече дека е спремен веднаш да ја плати казната бидејќи во апликацијата за вработување, неговата сестра стоела истата адреса на која живее и министерот.



„Ако сум направил технички пропуст откако е вработена сестра ми ќе ги почитувам законите и ќе платам. За мене е важно дека Антикорупциска утврди дека не сум влијаел при вработувањето на сестра ми“,изјави Бектеши за Плусинфо.

Функционерите по службена должност треба да ја известат Антикорупциска за вработување на член од семејството во јавниот сектор, а според Законот за судир на интереси, Бектеши треба да плати глоба од 300 до 500 евра, односно 150 – 200 евра ако сам појде во Антикорупциска.

За повикот на премиерот, Зоран Заев, кој порача да поднесат отказ сите роднини кај кои е утврден непотизам, Бектеши вели дека се приклучува на повикот.

„И јас го испраќам тој повик. Го делам истото мислење со премиерот, таму каде е утврдено дека не се почитувани процесите за вработување, каде има влијание, што не е случај со мојата сестра“, изјави Бектеши за „Фокус“.