Јована Тренчевска, новата министерката за труд и социјална политика, ќе вработи двајца советници во нејзиниот кабинет, на кои ќе им исплаќа плата од 52.000 денари.
Огласот за нивно вработување е објавен во петокот и трае 3 работни дена.
Според огласот се вработуваат – посебен советник за прашања поврзани со политика за вработување, труд, безбедност и здравје при работа и пензиско и инвалидско осигурување и посебен советник за прашања поврзани со политики за социјална заштита на деца.
Од Министерството за труд и социјална политика за Плусинфо потврдија дека се вработуваат советници во кабинетот на министерката.







