Министерката за одбрана “предизвикана” од полковник на АРМ, на потег е Шеќеринска

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ полковникот Драган Ковачки, го замрзна работниот однос со Министерството за одбрана и повика истото да го стори и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска со цел кампањата да му е во фер-плеј атмосфера.



Во писменото барање со кое бара одбрана да го стави неговото работно место во мирување додека трае кампањата Ковачки побара Шекеринска да се откаже од месечните примања и да не ги користи државните ресурси за партиски предизборни цели.

Ковачки беше кандидат за технички министер за внатрешни работи но СДСМ го одби тврдејќи дека не може воено лице да врши цивилна функција.

Ковачки е кандидат на листата на опозоцијата во изборната единица 4 а Шеќеринска која е министер за одбрана е носител на СДСМ/БЕСА во ИЕ 5.