Војната во Украина и оставила „многу посебни впечатоци. Многу, многу средби со интересни, одлични луѓе. Би сакала од срце да ви се заблагодарам за тоа“.



Оваа несреќна изјава на германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт е причина за нејзината одлука да поднесе оставка од својата функција, објави синоќа “Билд“.

Не е наведен точен датум на оставката на 57-годишната министерка но медиуми соопштуваат дека тоа би се случило следната недела и дека во владата веќе интерно разговара за наследник.

На претстојната оставка и претходи невидена серија гафови.

Во последниот, Ламбрехт предизвика бес со својот срамен говор одржан непосредно пред новогодишниот огномет што вознемирило многумина во владините кругови.
Во видео споделено на на Инстаграм, Ламбрехт одржа тотално неподготвен, спонтан говор додека позади неа се гледа и слуша огномет.

Таа изјави дека „Војна беснее среде Европа“ и продолжи рече дека војната во Украина и оставила „многу посебни впечатоци. Многу, многу средби со интересни, одлични луѓе. Би сакала од срце да ви се заблагодарам за тоа“, ги пренесе нејзините зборови „Билд“.

Анкети покажуваа дека дури 60% од Германците бараат нејзина оставка.