Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска се пофали дека заедно со министерката за труд и социјала биле дел од бајка.
,, Бевме дел од вистинска музичка бајка која длабоко се врежа во сеќавањата на сите присутни, навистина незаборавно уживање.
Со магичните стихови од песната “Santa Claus is Coming to Town” започна волшебната ноќ во Филхармонија, каде “Jingle Bells Symphony” го оживеа духот на празниците”, се пофали министерката за тоа што била гостин настан на кој групата Sarah Mace & the Christmas Girls заедно со Камерниот Оркестар на Битола ги претставија најпопуларните Божиќни песни во светот, вклучувајќи “Santa Claus is Coming to Town”, “Deck the Halls”, “All I Want for Christmas” во уникатни оркестрални аранжмани.
Министерката објавата ја завршува со хаштагот #ПразничнаМагија 🎄🎶








