Министерката за култура се отвори, дали и премиерот учествувал во половата дискриминација кон неа (ВИДЕО)

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска си ја отвори душата и на јавен настап призна дека е жртва на полова дискриминација.



Министерката објавува дека била дискриминирана од страна на колеги политичари без да ги именува со што се отвара прашањето дали меѓу тие што психички ја злоставувале се и премиерот Ковачевски, Вицепремиерот Груби, Битиќи, Маричиќ и другите членови на владата или пак генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ ако дискриминацијата се случувала во партијата.

Посебно прашање е зошто нејзините колеги во владата и партијата не ја заштитиле од траорот со кој се соочува.

Костадиновска Стојчевска досега не пријавила психичко злоставување или дискриминација кон државните институции и комисијата за антидискриминација за луѓето што учествувале во половата дискриминација кон неа.

Таа објавувајќи видео од јавното признание дека била дискриминирана вели ,,Зборувавме гласно и јасно дека треба конечно да ставиме крај на дискриминацијата и говорот на омраза”, и го користи хаштагот:
#Oставитрага.

Линк до видеото во кое министерката признава дека е жртва на полова дискриминација

https://fb.watch/lPDF9qC4RC/?mibextid=Nif5oz