Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 го коментираше исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на Рамковниот договор.
„Провокации секогаш има и ќе има, но тоа не значи дека треба да останеме неми на ваква појава, иако верувам дека тие провокации не биле од чинители на власта. Се надевам дека исвиркувањето е на сосема друг сегмент“, кажа министерката која не се извини во име на владата која беше организатор на настанот, за исвиркувањето на македонскиот јазик
Исвиркувањето почна во момент кога водителката се обрати на македонски јазик пред присутните на плоштадот Скендербег во Скопје.
Настрада македонскиот јазик: Скандалозен почеток на журката на ДУИ за Рамковниот договор





